| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце и Веспрем финалисти во ракометната ЛШ

Ракометарите на Кјелце и Веспрем се пласираа во финалето од Лигата на шампионите. Прво Кјелце попладнево по голема борба и изедначен дуел го совладаа дебитантот во фајналфорот, ПСЖ со 28-26, а во второто полуфинале во Келн унгарскиот шампион Веспрем го совлада германски Кил со 31-28 по одиграно продолжение. Регуларниот дел заврши 25-25.

За Кјелце ова е прво финале во своето трето учество, додека Веспрем си обезбеди пласман во финалето втора сезона по ред.

Утре во 18 часот е закажано финалето меѓу Кјелце и Веспрем, а дуелот за третото место меѓу ПСЖ и Кил ќе започне од 15:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top