Ние не го видовме г-динот Андреј Жерновски во време кога се бранеше Република Македонија, помеѓу нас. Господинот Андреј Жерновски веројатно тие месеци ги поминал на бреговите на Егејското Море. Ова е реакцијата на здружението на бранителите „Бедем“, а иницирано по денешните изјави на градоначалникот на Центар и неговиот повик да не се присвојуваат бранителите и борците поради лични интереси и лажен патриотизам.

Жерновски ова го изјави денеска пред споменикот на бранителите каде што заедно со Стојанче Ангелов им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце.
„Го предупредуваме Жерновски во моментот кога ќе се обиде да отстрани или макар помести споменик на било кој од македонските херои, ќе види и ќе се соочи со силата и одлучноста на македонските бранители и тоа нема да му биде дозволено. Апелираме да не го внесува ликот на македонските херои во дневно-политичка пресметка, од негов личен и партиски интерес. Плоштадот „Македонија“ е плоштад на главниот град на Република Македонија и тој е на сите граѓани, а Жерновски нема никакво право, ниту морално, ниту формално да си подигрува со тој плоштад. Го повикуваме г-динот Андреј Жерновски омразата која што ја има кон своите политички противници, да не ја прелева врз целиот македонски народ и врз сите граѓани на Република Македонија“, вели Бедем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
На денешен ден во Арачиново загина бранителот Атанас Јанев
-
Одбележани 17 години од загинувањето на македонските бранители кај Гајре
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!


