| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова најдобра кога е најпотребно

Марија Шарапова е најдобра во натпреварите што одлучуваат, а тоа го порврди со одлична игра во финалето на ВТА турнирот во Штутгарт. Со 6-4, 6-3 ја победи Ли На од Кина и ја одбрани ланската титула.

Сервисот на Марија функционираше одлично и Русинката лесно ја освои втората титула во Штутгарт, по ланската и втора оваа сезона. Интересно, Шарапова во сите три претходни рунди на турнирот играше три сета, но беше најдобра кога беше најпотребно во мечот за трофејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top