| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп ја претепал Амбер, целата во модринки дошла на суд

Според пишувањата на странските медиуми Амбер Херд поднела барање за развод на брак од Џони Деп и барала судска забрана за приближување, а како причина го навела насилството во семејството.

Според „Дејли мејл“ актерката со телесни повреди дошла на суд во Лос Анџелес во придружба на адвокатката Саманта Спектор и поднела барање за развод.

Актерката донела и фотографии на кои се гледаат модринки на лицето и под очите. Наводно Деп ја удрил со мобилен телефон во лице, го демолирал станот, а потоа побегнал кога дошла полицијата.

Наводно тој и понудил пари за да не излегува во јавност со овие обвинувања, но Амбер одбила и отишла на суд.

Актерката и нејзните блиски пријатели тврдат дека ова не бил едниствен инцидент, туку вакви работи и порано се случувале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top