„Цениме дека со денешниот чин се дава можност во правниот систем да се докаже целата конструкција на Зоран Заев против партиските членови и активисти на ВМРО ДПМНЕ“ се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, а по повод одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Како што пишува во соопштението, ВМРО ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.
„ВМРО ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. ВМРО ДПМНЕ прва предложи четворицата лидери на најголемите политички партии да упатат писмо до Претседателот Иванов за да ја преиспита претходно донесената одлука“ се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)