| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите избраа, Кире Лазаров е најдобар десен бек во Лигата на шампионите за оваа сезона

Vive Tauron Kielce vs FC Barcelona

Македонскиот ракометен капитен Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2015/2016.

Над 80.000 фанови гласаа во изборот на најдобриот тим во ЛШ, што се организира по четврти пат, а резултатите вообичаено се објавуваат пред стартот на Ф4 турнирот во Келн, кој викендов ќе го даде новиот европски шампион.

Македонскиот бек во дресот на Барселона и оваа сезона ја заврши како прв стрелец на каталонскиот тим и втор на листата на најдобрите стрелци во ЛШ со 104 гола, пред стартот на Ф4. Барселона ја загуби шампионската титула и настапот на Ф4 во Келн по елиминацијата во четврт-финалето од Кил.

Во изборот на најдобрите во ЛШ за изминатата сезона беа селектирани играчи и тренери од 17 клуба. Покрај најдобрата „седморка“, од минатата година се избира и најдобар тренер, најдобар дефанзивец и најдобар млад играч.

Ол-стар тим на ЛШ за сезонаат 2015/2016:

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Лево крило: Мануел Штрлек (Кјелце)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)

Пикер: Растко Стојковиќ (Месков Брест)

Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)

Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)

Дефанзивец: Тимуш Шух (Веспрем)

Млад играч: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)

Најдобар тренер: Хавиер Сабате (Веспрем)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top