
Стевчо Јакимовски објасни дека ваквата одлука била резултат на неуспешниот обид да се коалицира со советниците од СДСМ, кои одбиле да одат со неговата партија, по што тој донел одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош денеска најави дека советниците од Српска Напредна Странка, партијата која го предложи на локални изборите ќе коалицираат со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Јакимовски објасни дека ваквата одлука била резултат на неуспешниот обид да се коалицира со советниците од СДСМ, кои одбиле да одат со неговата партија, по што тој донел одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.
Во општина Карпош беше тешко да се формира општинскиот советот бидејќи ниедна партија нема мнозинство на избрани советници. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 9 советници а Српскта напредна странка има 5.
Со реакција се јави СДСМ најавуваќи дека нивните советници ќе бидат конструктивна опозиција во Советот на општината Карпош:
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во ниту еден момент не бил дел од валканите пред и пост изборни договори на Стевчо Јакимовски. Денешното обелоденување на неговата коалиција со ВМРО – ДПМНЕ само е потврдување на општо познатиот факт кој сите граѓани имаа можност да го видат во вториот изборен круг на локалните избори 2013 година, каде што на контото на Стефчо Јакимовски завршија гласовите на ВМРО – ДПМНЕ. СДСМ нема намера повеќе да биде дел од лагите на господинот Јакимовски и тоа им го препушта на неговите нови сојузници, ВМРО – ДПМНЕ. Советничката листа на СДСМ во советот на општина Карпош ќе делува како конструктивна опозиција која ќе ги поддржи сите предлози кои се за доброто на граѓаните, а жестоко ќе се спротивстави на сите погрешни потези на новата коалициона власт помеѓу Српската напредна странка и ВМРО – ДПМНЕ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална


