Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија утре во 12 часот настапува во Македонски Брод.
Поетите на ДПМ ќе учествуваат на јубилејната, десетта по ред, Поречка културна манифестација „Потписи на срцето“. Пред љубителите на литературата во Македонски Брод ќе настапат поети од различни генерации: Александар Поповски, Горан Анчевски, Славица Дабевска Кировска, Мито Спасевски, Јован Дамјановски, Викторија Силјановска, Миле Јовановски Поречанец, Сеида Бегановиќ, Бобан Богатиновски, Мирјана Тренчева, Александар Кујунџиски, Ленче Милошевска, Стојмир Симјановски, Стојан Тарапуза, Димо Димчев, Мирче Нешовски, Васо Николовски и Андрија Дојчиноски.
Во посебен оддел од манифестацијата, со наслов „Минути на незаборав“, ќе им биде оддадена почит на Светлана Христова Јоциќ и Тодор Чаловски со кажување на стихови од нивното творештво.
Покрај поетскиот настап, програмата ќе биде збогатена со музички и ликовен дел. Поетите ќе ги посетат културно-историските знаменитости на Македонски Брод, како и природниот феномен пештерата Пешна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија