
Доколку Реал Мадрид сезонава стане европски шампион, првичните проценки се дека ќе инкасира 120 милиони евра, па поради тоа не треба да чудат богатите премии кои им ги вети Флорентино Перез на своите фудбалери.
Како што пренесува „Марка”, газдата на Реал подготвил по 600 илјади евра за секој играч во случај да биде освоена титулата во Милано, а она што е многу интересно е тоа дека нема никаков друг услов освен титулата за премиите. Обичаите наложуваат главната премија да се однесува на максимум 14 фудбалери, но во случајот на Перез, сите играчи подеднакво ќе бидат наградени, од прв па до трет голман!
„Марка” оценува дека вкупниот трошок на мадриѓаните би можел да биде околу 20 милиони евра, што е далеку од наградите на Барселона за минатогодишната тројна-круна, кога Каталонците искешираа 52 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


