Недостиг од суровини го прекина производството на „кока-кола“ во Венецуела.
Мексиканската гранка на мултинационалната компанија „Кока-Кола“ прекинала со производството на своите пијалаци поради недостиг од шеќер, соопштила денес портпаролката на „Кока-Кола“, Кери Треслер.
- Производството на засладените пијалаци е прекинато, но продолжуваме со производството на диеталните пијалаци, како што се „кока-кола лајт“ и другите пијалаци без шеќер – изјавила Треслер, пренесува „Ројтерс“.
Набавувачите на шеќер, како што навела, ја известиле „Кока-Кола“ дека привремено ќе престанат со работа поради недостиг од сировини.
Компанијата „Кока-Кола Фемса САБ”, најголем латино-американски произведувач на „кока-кола“ и оператор на четири постројки во Венецуела, изразила надеж дека националните резерви на шеќер наскоро ќе се опорават, пренесува „Телеграф рс“.
Државата тоне во длабока рецесија, а демонстрациите на граѓаните и грабежите, како што наведува британската агенција, станале сè почести поради влошувањето на ситуацијата со недостигот на храна, честите рестрикции на електрична енергија и најголемата стапка на инфлација во светот.
Во минатите неколку години, комбинацијата од контролата на цената, растечките производствени трошоци, недостигот на девизи и рестриктивни закони за работа, предизвикале пад на производството на шеќер и шеќерна трска во Венецуела поради пониските приноси. Венецуела никогаш не била економски пример за другите држави меѓутоа, кога Хуго Чавез ја преземал должноста претседател во 1999. година, богатството од нафтата исчезнало брзо.
Инфлацијата станала константен проблем, а во 1996 година достигнала дури 100 проценти. Економијата не растела многу, а речиси половина од населението живеело под границата на сиромаштијата. Еден политиколог дури и изјавил дека земјата се распаѓа.
Сепак, пред него, Венецуела благодарение на нафтата била една од побогатите земји во Латинска Америка, а и финансиите на владата биле во подносливо добра состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.