Македонскиот интернационалец Муарем Муарем успеа да стигне до нов трофеј во Азербејџан откако неговиот тим Карабах славеше во финалето на Купот против Нефчи со 1-0. Стрелец на победничкиот гол на овој меч беше Мичел во 119. минута од средбата.
Муарем не беше дел од ова финале, но, сепак, знаеше да се израдува на куп- трофејот. Карабах истовремено информираше дека го продолжува договорот со македонскиот фудбалер за уште една дополнителна сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.