| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница со Владимир Пиштало во кафе-книжарницата „Магор“

„Нашиот човек преку Барата – Како да го обликуваме неговиот книжевен лик“ во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“ ќе се одржи на 28 мај во кафе книжарница Магор, 17 часот

Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар ги повикува заинтересираните учесници/чки да се пријават на еднодневната работилница, „Нашиот човек преку Барата – Како да го обликуваме неговиот книжевен лик “ со Владимир Пиштало, којашто ќе се одржи на 28 мај 2016 година во рамките на проектот „Од дијаспора до различности“.

Нашиот човек преку Барата – Како да го обликуваме неговиот книжевен лик

Работилницата е инспириран од потребата за ново разбирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализацијата и на различни начини на искусување на културните различности Наша цел ќе биде да се анализира улогата на дијаспората како посредник помеѓу различните општества, носители на хибридни плуралност и посредни идентитети. Тоа би можело да донесе нов увид на дијаспората кој започнува од аргументот дека денес дијаспората во областа на културата има различно значење и форми отколку што беше тоа пред неколку децении. Притоа дискусијата ја засноваме на академски извори но и на анегдотални докази. Ќе се обидеме да го надминеме конвенционално размислување за концептите како што се идентитет, миграција/ мобилност и дијаспора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top