Два стила за забавата!
Анастасија Ражантовиќ вчера вечер во белградскиот хотел „Хајат“ го прослави 18 роденден, а нејзиниот изглед сите го пофалиле.
Сите очи беа вперени во ќерката на Светалана Цеца Ражантовиќ, а таа навистина се потруди да блесне на нејзината забава по повод полнолетство. Се појави во долг фустан во црвена боја со цветни детали.
По некое време принцезата на Цеца реши да го смени стајлингот и се појави во кус црвен фустан со цветни детали, а косата која до тогаш ја држеше во елеганта пунџа ја распушти.
Со вториот фустан навистина покажа дека пораснала со оглед дека е далеку попровокативна од сите нејзини претходни избори. Куса и провидна сигурно успеа да остави впечаток кај сите гости.
A photo posted by 👑Stevan Radivojevic👑 (@stevan.radivojevic) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.