Пејачката Цеца Ражнатовиќ вечерва го слави полнолетство на својата миленичка Анастасија, а за таа прилика приредила емотивно изненадување во вид на кус филм во кој се содржани сите спомени од животот на славеничката, сите осумнаесет години наназад.
Гламурозната прослава на полнолетство на Анастасија Ражантовиќ ќе се одржи вечерва во хотелот „Хајт“ во Белград, а за овој настан семејството се подготвуваше со месеци.
-Цеца долго ги одбираше фотографиите и снимките кои ќе ги вметне во видеото кое трае неколку минути. Кога завршила со одбирањето, учествуваше во режирање и монтажа бидејќи сакал видеото да биде совршен приказ на сите драгоцени моменти кои нејзината ќерка ги преживеала до своето полнолетство“, кажал извор близок до семејството.
Во меѓувреме се вжештија и социјалните мрежи на кои нај споделувана е фотографијата на Анастасија без коса со наслов „Како ќе изгледаше Анастасија д абеше Аракан жив“. (фотографијата е асоцијација на шпекулациите дека Аркан кога Цеца како тинејџерка пред да се омажи за него „запливала“ во криминални води па тој решил да и одржи лекција со тоа што ја потстрижал на ќелаво).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.