| четврток, 6 декември 2018 |

Кога се фатија, кога раскинаа: Тео не ја поднесува славата на Анастасија

Веста за наводната врска на Анастасија Ражнатовиќ и Милош Теодосиќ одекна како бомба во регионот, а по само три месеци врска, наводно раскинале.

Тео и Анастасија не се експонираа, дури не ја ни потврдија официјално врската, но кога станаа главна тема на медиумите, дошло до вистински проблеми.

-Милош отсекогаш бил повлечен, не сакаше да се експонира, за разлика од Анастасија. Таа ужива во популарноста што ја стекна со тоа што ѝ е ќерка на Цеца, што не му се допадна на Тео и тогаш сѐ почна да се комлицира, вели за „Српски телефграф“ извор близок на парот.

Милош не е кавгаџија, но кога почна секој денн да се пишува за нивната наводна врска, тој почна да се дистанцира од Анастасија. Навистина, таа не даваше изјави за медиумите, но тој сфати дека приказната ќе биде уште полоша ако остане во врска со неа, додава изворот.

Анастасија и Милош се запознале преку Филип Живоиновиќ на инсистирање на Милош, а набрзо после тоа започнаа врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top