| четврток, 6 декември 2018 |

Непознат разбојник однел над 40.000 евра од банкомат во Велес

Над 40 илјади евра е пленот на незпознатот разбојник кој рано утринава ограби банкомат во Велес, објави „Сител“. Непознатиот сторил со подесен алат го отворил банкарскиот терминал на Комерцијална сместен на улицата Благој Ѓорев кај трговскиот центар. Претходно ја отворил и влезната врата од продавницата во која бил поставен банкоматот. Според податоците од истрагата на полицијата, непознатиот разбојник користел рачен алат и физичка сила за да го отвори сефот на банкоматот. Од него зел три касети во кои според пријавата на банката, имало 2. 530 000 денари.

Непознато е времето кога се случил грабежот на пари од банкоматот. Случајот во полиција бил пријавен околу 4.30 минути. Од велешкиот сектор за внатрешни работи преку писмено соопштение информираат дека е направен увид на местото и се работи на расфетлување на случајот.

Инаку во февруари годинава, двајца маскирани разбојници се обидоа да одземат 4 милиони денари наменети за банкомат. Среде бел ден го нападнаа возилото со кое се превезуваа парите. Брзата полициска интервенција за кратко ги пронајде сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top