| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското списание за жени „Комплетна“ прослави 20 роденден

Приказната на КОМПЛЕТНА започна 1996 година, како пионерски обид да се создаде првото македонско списание за жените кои се подготвуваа за 21-от век, списание што ќе биде по примерот на светските магазини, а сепак автентично, забавно, едукативно, уникатно и целосно наше.
Во изминатите 20 години се менуваше внатрешниот дизајн, стилот на фотографиите на насловната страница, типот на интервјуата, рубриките, темите што се истражуваа… Се менуваше и екипата, многу луѓе го дадоа својот придонес. Новите луѓе носат нови идеи, ама столбот на списанието, креативците кои тргнаа заедно на ова патување пред дваесет години, и понатаму ги раскажуваат своите приказни во секој нареден број.
Цели 222 броја подоцна, КОМПЛЕТНА и понатаму се води од истото мото „моја инспирација“.
-Нашата енергија, креативност и желби се и понатаму примарно насочени кон печатениот медиум. По две децении љубов, верност и поддршка од читателите, сакаме да им вратиме со нешто ново, забавно и достапно за сите, почнувајќи од септември“, вели Андријана Јовановска, уредник на Комплетна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top