Посебната единица на МВР за борба против урбаниот криминал „Алфа“ деновиве уапсиле двајца кои избегале од затворопт во Идризово.
МВР соопшти дека минатата недела, поточно на 23-ти, во 16,00 часот, на бул. “Југославија“ од страна на припадници на “алфите“ лоциран и приведен е Ејуп Б. (25) од Скопје, баран по наредба за бегство од КПУ Идризово-Скопје, каде бил на издржување на казна затвор во траење од девет (9) години.
Кај него е пронајдено и огнено оружје – пиштол марка “Застава ТТ“ кал.7,62 со рамка со пет куршуми што го поседувал без дозвола, по што е лишен од слобода, приведен и предаден во ПС Кисела Вода. Приведениот на 03 февруари 2009 година на ул.„Кемал Сејфула“ со уште две НН лица од ПМВ„Голф“ со автоматски пушки испукале неколку истрели во правец на ПМВ „Ауди“ управувано од Н.Џ. (39) со намера да го лишат од живот со што сторил кривично дело – “убиство во обид“, а Н.Џ се здобил со тешки телесни повреди.
Исто така од страна на припадници на единицата “алфа“ наредниот ден односно на 25 овој месец во 03,00 часот, во неговиот дом во с. Паничари, Скопје, пронајден е Исни Ј. (30) од Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје КУИКП од 06.03. оваа година за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело – “убиство“.
Тој е приведен и предаден во ПС Кисела Вода. Истиот со уште едно лице Самир Ј. (28) на 19.04. 2004 година во с.Буковиќ удирајќи го со 15 удари од пиштол по главата го лишиле од живот лицето Земри С. (19) неколку месеци подоцна им подлегнал на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.