| четврток, 6 декември 2018 |

Нов холивидски развод, еве кој реши да стави крај на љубовта

Холивудската ѕвезда Џони Деп е на пат да се разведе со Амбер Хард, пренесува „Би-Би-Си“.

Сопругата на пиратот од Карибите во американскиот суд поднела документи за престанок на бракот, кој беше склучен пред 15 месеци.

dzoni-dep-i-amber-herd-1451832659-76546 (1)

Како причина за разводот актерката посочила непремостливи разлики со нејзиниот партнер. Барањето е поднесено два дена по смртта на мајката на Деп, Бети Сју Палмер, коментира британскиот весник „Дејли мејл“.

Деп и Амбер се запознаа во 2011 година на снимањетона филмот „Дневници на румот“. Токму тоа беше причина за неговата разделба со француската актерка Ванеса Паради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top