Учениците на возраст од шест до 15 години се жители на „селото на врвот на карпата“, како што го нарекуваат локалните, а се наоѓа на југозападот на Кина на висина од околу 1.400 метри.
Во ова село, кое има околу 72 семејства, повеќето живеат од земјоделство, поради плодното земјиште. Фотографиите што биле направени пред само неколку дена прикажуваат деца што до своето училиште патуваат повеќе од два часа.
世界で一番危険!な学校へ通う道
四川省の昭覚県
涼山イ族Atule’er村の子どもたちhttps://t.co/EGfqgj1Dkp pic.twitter.com/guWFizGCza— Jyoji,,Quaesitor (@Jnkmrgenkai) May 25, 2016
За на време да дојдат до училиштето, овие деца прво мора да се спуштат, а кога се враќаат да се качат на дрвени скали, кои се многу нестабилни и опасни по живот. Главно во друштво на своите родители, тие ја минуваат патот на смртта со претешки ранци на грбот.
Кога ќе пристигнат во училиште, децата таму остануваат две седмици.
30-годишниот Чен, еден од родителите, вели дека станува во 6 наутро за да ги спушти своите 4 ќерки и другите деца до подножјето на планината.
Со помош на јаже и други алати, тие се обидуваат што подобро да ги обезбедат своите деца на пат до училиште, доколку е тоа можно.
This might be the world’s most dangerous journey to school in Atule’er #China pic.twitter.com/Z5z3exAfJc
— RaajjeTV (@Raajje_tv) May 24, 2016
Патот досега усмртил осум луѓе, наведуваат властите од тој регион.
Кога доаѓа зимата и дождливите периоди, не може ни да се размислува за спуштање од оваа карпа, па поради тоа некои деца се откажуваат од образованието.
Жителите на ова село бараат властите да им изградат пат, за да не бидат отсечени, но и за нивните деца да имаат подобра иднина, наместо да останат таму и да живеат од земјоделство.
Меѓутоа, трошоците за таков проект би биле премногу високи, а бидејќи селото има малку луѓе, изградбата најверојатно нема да се случи.
#metro #news: Children from remote Chinese village have to climb 17 unsecured cliff ladders: Incredible image… https://t.co/O7UQhDBdxP
— Joseph (@TheRealJoeKitts) May 25, 2016
– Локалните жители би можеле да се преселат во градот во близина, но проблемот е што нема да најдат работа бидејќи знаат да живеат само од земјоделство – рекол секретарот на локалната канцеларија во тој округ.
Владата досега вложила 105.000 фунти купувајќи им на селаните стока, но изградба на патишта, што би чинело околу 6,2 милиони, не е можна, бидејќи не сакаат да вложуваат во изолирано место со само неколку стотини жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)