| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија ќе гласа за да добиваат по 2.000 евра од државата

switzerland-flag_2165405b

Швајцарија размислува за предлогот секој полнолетен државјанин да добива по 2.500 франци од државата месечно. Земјата планира на 5 јуни да одржи национален референдум околу воведувањето на основниот приход, а според овој модел, Владата треба на сите полнолетни граѓани да им исплаќа одредена сума месечно.

Сепак, швајцарската влада се спротивставува на оваа иницијатива бидејќи секоја година би морале да обезбедат по 25 милијарди франци од државниот буџет.

Целиот износ кој е околу 2.200 евра би се исплаќал на луѓе кои немаат работа и немаат никакви други примања, додека оние кои работат, а добиваат помалку од 2.500 франци ќе ја добиваат разликата во износот.

Додека владата смета дека оваа мерка ќе и штети на економијата, поборниците за оваа мерка сметаат дека Швајцарија е богата држава и не се сомневаат дека може да си го дозволи тоа. Тие сметаат дека поради напредокот на технологијата стотина илјади работни места се загрозени, па основниот приход би им дал некаква сигурност на работниците.

Анкетите покажуваат дека околу 40 проценти од граѓаните на Швајцарија го подржуваат предлогот. Предложената сума е неколку стотици франци повисока од проценетата граница на сиромаштија која во Швајцарија изнесува 2.219 франци, а е многу помала од просечната плата која е 6.427 франци.

Само 10 проценти од Швајцарците изјавиле дека ако се воведе овој предлог ќе размислат за отказ од работата што ја работат.

Инаку слични идеи за основен приход се разгледуваат и во некои делови на Финска, Холандија и Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top