Постигнат е договор за формирање на новата влада во Италија, со што заврши двомесечниот политички ќор-сокак од општите избори.
Поранешниот италијански премиер, Силвио Белрускони изјави дека тој не би сакал да учествува во Владата која ќе ја предводи лидерот на левиот центар Енрико Лета. Лета е внук на поранешен советник на Белрускони.
Лета соопшти дека Анџелино Алфано, генерален секретар на партијата на Берлускони „Народ на слободата“ ќе биде вицепремиер и министер за внатрешни работи во новиот кабинет.
Генералниот директор на Банката на Италија Фабрицио Сакомани ќе го предводи влијателното Министерство за економија и финансии. Поранешниот еврокомесар Ема Бонино ќе биде министер за надворешни работи.
Како шо јавува BBC, новата влада пред се треба да се справи со мерките за штедење кои ги усвои техничката влада во измнатиот период, лошата економска ситуација и се поголемиот број на невработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април