Да испиете по некоја пијачка за време на празниците со колегите е во ред, но да започнете врска со колега, или уште полошо со шефот, е нешто сосема поинакво. Со таквата врска ја ризикувате вашата работа, а ако не ги знаете правилата можете да запловите во непознати води.
Експертката за врски Карен Гатели вели дека постојат низа правила кои морате да ги исполните доколку сакате да започнете романса со колега, а да не нанесете штета на себе си и другите.
Возвратени чувства
Пред да започнете да размислувате за заедничката иднина, бидете сигурни дека и двајцата го чувствувате истото. Не глумете “тешко освоилива тврдина”, бидејќи така ќе го/ја одбиете.
Доколку само сакате добра забава, бидете внимателни и не оставајте траги ниту скршени срца. Доколку станува збор за вонбрачна афера, мислете на тоа дека колегите ќе ве почитуваат помалку кога ќе дознаат.
Направете да успее
Ако случајниот бакнеж на новогодишната забава се претвори во нешто посериозно, внимавајте како ќе управувате со вашата романса додека сте на работа. Додека не помине фазата на “меден месец”, важно е никогаш да не дозволите тоа да влијае на вашата работа, вашите деловни обврски и времето кое мора да го посветите на компанијата.
Исто така, внимавајте да не ги вознемирувате другите. Јавните знаци на флерт или страст се ретко добро прифатени. Наспроти тоа што сте возбудени, мислете на тоа како ќе реагираат другите. Ако врската тргне надолу, тоа чувајте го за себе. Немојте да им пренесувате негативна енергија на колегите.
Правилникот на компанијата
Многу компании имаат правилници со кои ја штитат својата работа и вработените. Некои фирми сосема забрануваат романтична врска меѓу колегите, токму поради тоа што сметаат дека ќе наштети на работата и дека вработените не би го пријавиле својот партнер во случај нешто да не биде сработено како што треба.
Доколку ја криете врската и таа стане сериозна, ќе морате да донесете одлука за менување на работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.