| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец си ја претепал сопругата во Марино: Се појавил во фирмата каде отишла на интервју и ја нападнал

Триесет и тригодишна скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 16.30 часот во полициско одделение „Петровец“, Ј.К. (33) пријавила дека околу 14 часот во фирма во Марино, каде што била на интервју за работа, дошол нејзиниот сопруг П.К. (36), инаку полициски службеник, со кого не живеат заедно околу една година и истиот почнал да ја навредува и да ја влече за коса.

Ј.К. побарала лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за што приложила медицинска документација.

Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди и од П.К. биле одземени службеното оружје, палката и лисиците за врзување.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top