Битолски Пелистер е на чекор до пласман во Првата фудбалска лига откако го доби првиот бараж-наторевар против Хоризонт Турново победувајќи со 2-1.
Натпреварот во Ѓорче Петров започна одлично за Турновци, уште во 4. минута Сашко Пандев погоди за водство од 1-0.
По примениот гол Пелистер брзо реагираше. Во 23. минута по игра со рака на Димов во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа на белата точка за битолчани. Маркоски беше сигурен реализатор за изедначување на 1-1.
Само неколку минути подоцна, голманот Игески направи прекршок надвор од шеснаесетникот и заработи директен црвен картон. Турново остана со фудбалер помалку. Од овој прекршок се изроди и нов пенал за Пелистер откако по слободниот удар нова игра со рака во казнетиот простор и нова најстрога казна. Благојче Маркоски не греши ниту по втор пат за пресврт и водство од 2-1.
Реваншот од бараж-мечот е в сабота, на истиот терен во Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


