Тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер веќе ја планираат својата венчавка, а иако деталите сакаа да ги држат подалеку до јавноста, сепак тоа не им успеа.
Како што пишува српски Курир, свадбата ќе биде во странство, а гостите до последен момент нема да знаат каде точно.
Гостите ќе дојдат на одредена локација, а потоа младенците ќе ги однесат на тајно место.
Освен тоа, гостите потпишале ригорозни договори со кои се обврзуваат да молчат. Доколку не го исполнат тоа, следуваат огромни казни.
-Бидејќи младенците внимателно го испланираа секој дел од свадбата, сакаат таа да биде тајна и да не бидат вознемирувани од папараци. За да бидат сигурни дека се ќе помине како што тие си замислиле, преку адвокат направија договори за гостите со што тие се обврзуваат на дискреција, вели изворот.
На свадбата ќе биде забрането внесување на мобилни телефони, а ако некој не го почитува договорот ќе се соочи со тужба и парична казна.
Како дел од гостите се наведуваат Новак Ѓоковиќ, Томас Милер, Филип Лам, Вејн Руни, Хуан Мата и многу други.
За музика ќе бидат задолжени српскиот Тропико бенд, а ќе настапат и Марун 5, бенд кој им е омилен на младенците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.