На три дена од почетокот на фајналфор турнирот во Келн, во рамките од ракометната Лига на шампиони, ЕХФ-ТВ објави компилација од најдобрите одбрани во сезоната која завршува. Дел од кремот е и феноменалниот Арпад Штербик од Вардар.
Очекувано „ролетарот“ Штербик влезе во листата со неговата одлична одбрана во финишот од реванш-дуелот од осминафиналето против Висла Плоцк со која практично Вардар се пласираше во четвртфиналето.
Уживајте во видеото со голманските мајстории во елитното европско клупско натпреварување, на кое покрај Штербик се наоѓаат и Шариќ, Омејер, Ландин, Алиловиќ, Шмал…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)