| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно момче нацртало цртеж: Поради тоа неговата мајка е осудена на доживотна робија (видео)

Аманда Левис (35) од САД осудена е на доживотна робија поради убство на ќерката, а на судењето единствениот сведок против неа бил нејзиниот седумгодишен син А.Ј. Тој само на седум години сведочел на суд и кажалл дека мајка му ја задушила неговата сестра.

На судот бараа од момчето да ги опише своите цртежи, а тој кажал „Ова емојата мајка. Вака ја убива мојата сестра“. Кога адвокатот го прашал како Аманда тоа го сторила тој додал:„И ги стави рацете преку лицето“.  Кажал  дека тоа што го видел било страшно .

Момчето прво не ја препознало мајка му кога се сретнале на судот.  Кога сфатил дека Аманда се наоѓа пред него во судницата, почнал да плаче.

dete_0

На судот сведочела и мајката на Аманда која кажала дека нејзината ќерка  очигледно ги загубила нервите со Адријана, која инаку боледувала  од пореметување на хиперактивност и дефицит на внимание.

Адвокатот на Аманда тврди дека таа е невина и дека целиот случај е лошо воден. Тврди дека тоа е вистинска катастрофа и дека поради  овој случај размислувал да ја напушти својата професија.

devojcica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top