| четврток, 6 декември 2018 |

„Платеничка револуција“ на СДСМ отвора сомнежи за финансиски криминал

Милиони во џебовите на стотици луѓе завршувале преку над 70 невладини организации под чадорот на СОРОС односно Институтот отворено општество на Владе Милчин.

milcin-protest-1

Таквите пари преку невладините организации, наместо на дејствија својствени за граѓанскиот сектор односно наместо градење на здраво и силно општество, тие директно работеле на негово уривање и слабеење, пишува НетПрес.

Најголем дел од средствата кои легнувале на сметките на невладините организации завршувале како хонорари и плати на голем број на луѓе сите истакнати по своето критизерство спрема владата сакајќи да креираат вештачка слика на општо незадоволство односно спроведување на колективна измама на граѓаните.

lidija-dimova

Таквиот платенички однос придонесува токму кон загрозување на слободата, рушење на темелите на оштеството преку негово огромно корумпирање. Токму водачите на шарената револуција на СДСМ и оние кои секојдневно се присутни таму се тие кои се дел од аферата платеничка револуција односно добивале хонорари за својот активизам. Но, освен целосната ерозија на општеството и вредностите слобода и демократија, се отвора сомнеж и за финансиски криминал. Институциите треба да реагираат на отвореното корумпирање но и докрај расветлување како, колку точно и каде се завршувале огромните суми на пари.

Според податоците на Нетпрес вртоглави суми се свртеле низ последните две години на пиун невладините организации. Па така на пример Македонскиот центар за европско образование чиј поранешен претседател беше токму пратеничката на СДСМ Лидија Димова свртел за хонорари и исплати 10.350,250 денари за последните две години.

влатко

Од оваа организација пари земале блогерот Влатко Васиљ, Цаца Николовска од СДСМ, Каролина Астеруд, сопругот на Маринела Тушева од СДСМ Маричиќ Бојан, Сашо Ордановски, синот на новинарката Гордана Дувњак, Стефан Дувњак, а освен приходи од Хелсиншкиот комитет, од МЦЕО приходи за својот ативизам имала и Уранија Пировска, стои во текстот на НетПрес.

duvnjak-stefan

maricic

МЦЕО како организација настапува како продолжена рака на СДСМ. Па така многу често креира пишани извештаи за состојбата за слободите, образованието, па дури и публикуваше креирани анкети во кој главна мета на отстрел е власта.

Сомнеж за финансиски малверзации отвора и фактот што речиси тотално анонимната невладина соросова организација Реактор за две години само за хонорари и исплати на физички лица поделила неверојатни 11.254,166 денари. Таму извршен директор е Дамјан Здравев кој заедно со Маринела Тушева и Радмила Шекеринска настапуваше на отворените прес конференции кога СДСМ го окупираше со шатори просторот пред владата.

Diskusija-Kamp-na-slobodata-685x320

Тој за својот активизам на пример си наплатил 552 илјади денари во 2014та година, пишува НетПрес.

Форум центарот за стратегиски истражувања и документација или накратко Форум ЦСИД е уште еден соросов параван што и лесно може да се заклучи од структурата на самата организација.

Ordanovski-protest-studenti-640x400

Претседател на одборот е Ѓунер Исмаил од СДСМ, Сашо Ордановски кој е отворен поддржувач на СДСМ, а проект менаџер е ќерката на Гунер, Соња Исмаил.

gjuner500

Сите овие инкасирале пари од мрежата на невладини на СОРОС. Од истата организација се офајдиле и новинарите Мухамед Зекири и Зоран Бојаровски, Љуми Бекири, Љубомир Фрчковски, Калајџиев, Гордан Горгиев, братучедот на Шекеринска Никола Наумовски и други. Само нивната ФОРУМ ЦСИД свртела по 6.487,890 денари во 2014-та и 2015-та година кои ги исплатила на хонорари на над стотина активисти, кои во најголем дел се присутни на протестите кои ги организира СДСМ.

ljumi-bekiri-1-640x400

nikola-naumovski

Според НетПрес, НВО инфо Центарот што е уште една продолжена рака на СОРОС и СДСМ за хонорари во истиот период поделила по 5.827,675 денари. Меѓу нив како што претходно објавивме беа лица како Фросина Ременски од СДСМ, Маричиќ Бојан, Владимир Вангелов и многу други, сите активни на протестите на СДСМ.

vangelov3

Организацијата Транспарентост Македонија чии членови се Едмунд Адеми од СДСМ, Гордан Ѓоргиев, Ѓунер Исмаил, професорт Гордан Калајџиев, Сашо Ордановски, Марјан Забарчанец, Ана Чупески, сите отворени поддржували на СДСМ свртела само за хонорари 3.234,560 денари.

kalajdziev-1-640x329
Само овие 5 невладини организации од над 70-те само за хонорари свртеле 37.154, 541 денари што е огромна сума која завршува во џебовите на учесниците во платеничката револуција на СДСМ, заклучува НетПрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top