| четврток, 6 декември 2018 |

Сè е исто само него го нема – штафетата на младоста тргна низ екс Југославија

stafeta-mladosti-danas-krenula-berana Штафетата на братството и единството вчера тргна од Беране. Неколку стотици граѓани  ја испратија , која по обиколка на Црна Гора, Македонија и Србија ќе заврши во Куќата на цвеќето во Белград, каде што е погребан претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Со симболи на поранешна СФРЈ, кореографија на фолклорен ансамбл облечен во носии на народите од просторите на поранешна Југославија, граѓаните на Беране, ја испратија штафетата симболот на заедништвото на југословенските простори.stafeta-mladosti-danas-krenula-berana2

–Нашето заедништво нема алтернатива и може да се реализира само доколку ги следиме идеите на Тито, и бидеме во состојба да ги разбереме – е пораката на сите народи и народности која во име на Лигата на антифашистите на југоисточна Европа ја прочита Анѓела Поповиќ, првиот носител на штафетата „Братство и единство“.

Во исто време, од Словенија, преку Хрватска и Босна и Херцеговина тргна втората штафета која ќе пристигне во родното место на Тито, во Кумровец, Хрватска.  Новата штафета од Беране е направена во Железарата во Зеница, Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top