| четврток, 6 декември 2018 |

Варан дефинитивно отпаѓа и од составот на Франција за Евро 2016

rafael varan

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, се повреди во најлош можен момент. Тој поради повреда на бутниот мускул ќе го пропушти финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на 29 мај, но нема да биде дел ниту од репрезентацијата на Франција на ЕВРО 2016 година.

Откако се консултираше со лекарскиот тим, селекторот на Франција, Дидие Дешамп, одлучи да го повика Адил Рами, одбранбениот играч на Севилја, на местото на повредениот Варан. Тој беше еден од оние резервни фудбалери на списокот на Дешамп, но ќе влезе во ростерот откако стана јасно дека Варан ќе отсуствува подолго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top