Шпанскиот Ф1 возач, Фернандо Алонсо, би можел да биде и одличен фудбалер. Тој е веќе докажан во „најбрзиот циркус“, но синоќа покажа дека може и тоа како да се снајде и како фудбалер. Постигна неверојатен погодок од слободен удар на ревијалниот меч во Монте Карло. Тој беше капитен на својот тим, а противничката екипа на „сите ѕвезди“ ја предводеше принцот Алберт Втори.
Клаудио Раниери исто така беше дел од овој меч, а на крајот го додели и пехарот за капитенот на победничкиот тим, Фернандо Алонсо. Неговиот тим славеше со 3-1, а по извонредниот погодок, можеби ќе пристигне и понуда од Лестер за настап во Лигата на шампионите?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)