| четврток, 6 декември 2018 |

Гласот на „таткото на телефонот“, Бел (видео)

alexander-graham-bell-makes-telephone-callИстражувачите од американскиот институт Смитсониан ја обновиле снимката стара 128 години од „таткото на телефонот“, научникот Александар Бел, од плоча од восок и картон.Реставрацијата вклучувала и конверзија на оптичкото скенирање со висока резолуција во дигитален аудио формат. За неа се погрижиле физичарот Карл Хабер и Карлен Стефенс, кустос во Националниот музеј за американска историја.

Експериментите со звук Александар Бел ги спроведувал во периодот помеѓу 1880 и 1886 година, во соработка со својот роднина Чичестер Бел и техничарот Чарлс Самнер Теинтер. Работеле во лабораторијата на Бел во Вашингтон. Откако големиот ривал на Бел, Томас Едисон, во 1877 година успеал да забележи звук на фолија, Бел морал да го унапреди процесот. Некои негови истражувања на светлото и звукот предвидувале комуникација со помош на оптички влакна.

Во лабораторијата Бел и неговите соработници тестирале различни материјаи за да го креираат првиот аудио апарат. Точните методи кои ги користеле за пуштање на снимката останале изгубени во историјата. Сè до денес, дисковите снимени во тоа време беа неми експонати и не се знаеше што е забележано на нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top