| четврток, 6 декември 2018 |

Автобусот на иднината ќе е готов набргу – ќе собира и до 1.200 патници и нема да заглавува во сообраќај

Долг 32, широк осум а висок 4,6 метри – „Транзит елевејтед бас“ (ТЕБ) е автобусот на иднината претставен на Саемот за висока технологија во Пекинг. Се работи за ново превозно средство на кинеска компанија, со кое Кинезите се надеваат дека ќе се избегнат огромните колони по тамошните автопати.

ТЕБ претставува симбиоза на автобус, трамвај, метро и кран и ќе се движи по специјални шини, кои ќе му овозможуваат да ги премине автомобилите без да прави метеж. Ќе собира и до 1.200 патници, а прототипот ќе биде готов за помалку од 12 месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top