
Колку ужива во врската со убавата Милица, која е во петтиот месец од бременоста, кантавторот Владо Георгиев докажа бакнувајќи ја цела вечер, пред сите, што за него е преседан.
Ова е првпат парот да е фатен во јавност, откако се дозна дека чекаат бебе.
Изгледа вечниот ерген, заплови во мирно пристаниште. Во тоа можеа да се уверат сите кои беа сведоци на вечерното излегување на Владо Георгиев со девојка му Милица и пријателите.

Тие двајцата до популарното белградско шеталиште дојдоа со такси, во друштво на уште еден пар. Цело време биле расположени и разменувале ситни нежности, како тинејџери. Се сместиле во бавчата на еден локал, водејќи сметка да не привлекуваат многу внимание.

Милица и Владо со пријателите останале во ресторанот до самото затварање.
Пејачот во меѓувреме се опуштил, па свесен дека нема многу сведоци околу нив, цврсто ја прегрнувал 14 години помладата девојка, а потоа се фатиле за раце и тргнале кон таксито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


