Кога станува збор за приходите кои не се поврзани со трансферите, премиерлигашките клубови заработија огромни суми на пари.
Кога една екипа како Астон Вила, која испадна оваа сезона од Премиер лигата, заработи преку 66 милиони фунти од телевизиски права, реклами и бонуси, може да се види за колку моќна лига станува збор.
Денес во Премиер лигата се објавени сите плаќања кои се извршени во клубовите во текот на оваа сезона, не рачунајќи ги трансферите и приходите од меркетингот. Тука спаѓаат парите кои клубовите ги добиле пред почетокот на оваа сезона, како заслуга (од освоени бодови), од телевизиски права и од реклами.
Најмногу оваа сезона заработи Арсенал, преку 100 милиони фунти, од едноставна причина бидејќи е најпопуларен меѓу водечките клубови од Премиер лигата сезонава. Но, заработија помалку од Лестер кога станува збор за пари заработени од освоени бодови, но во другите категории се израмнети или подобри од годинешниот шампион.
Погледнете ја табелата, последната колона го покажува вкупниот износ што го заработиле клубовите оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период