За времетраењето на Мајските оперски вечери, во холот на Македонската опера и балет ќе биде поставена изложба на портретни фотографии „AccessAbility“ од фотографот Маркус Марчетиќ, продуцирана од Шведскиот институт.
Организирана е од Амбасадата на Шведска во Македонија, во соработка со софтверската компанија Сеавус.
Целта на изложбата е да раскаже приказни на 14 лица со попреченост од Шведска, преку моменти од нивниот личен живот и секојдневие.
– Инклузијата на овие луѓе во општеството, како правото на достоинствен живот без оглед на попреченоста, е тема на која се осврнува фотографот. Личните приказни на изложбата треба да предизвикаат дијалог и да ја зајакнат интернационалната соработка во тој поглед, соопшти Шведската амбасада.
Изложбата е дел од поголем проект за подигнување на свеста за инклузијата на лицата со попреченост. Во изработка е и втор дел кој ќе биде претставен наесен, во кој ќе бидат портретирани Македонци и нивните животни приказни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.