Повеќе од десет години, користејќи ја мрежата на добротворни организации преку радикални имами, Саудиска Арабија и други земји од Заливот го шират вехабизмот на Косово преку градење нови џамии, внесување страв и регрутирање млади за борби во Сирија на страната на џихадистите, пишува весникот „Њујорк тајмс”.
Џамиите, кои на Косово се изградени од парите кои ги донирала Саудиска Арабија, ги посетуваат луѓето кои шират вехабизам, конзервативна идеологија, која доминира во Саудиска Арабија, се наведува во текстот на Карлота Гал, објавен во весникот.
„Откако Белград во 1999 година по интервенцијата на НАТО ја загуби контролата на Косово, под мониторинг на американските претставници, парите и влијанието на Саудиска Арабија во голема мера ја промени оваа некогаш толерантна муслиманска заедница”, се вели во текстот.
„Њујорк тајмс” наведува дека Косово како и остатокот од Европа сега се брани од заканите на исламистите и во изминатите две години полицијата идентификувала 314 граѓани на Косово, вклучувајќи и двајца бомбаши-самоубијци, 44 жени и 28 деца, кои исчезнале, а постои сомнение дека џихадистите ги киднапирале и ги приклучиле кон нивните групации.
Децата биле регрутирани, како што наведуваат косовските иследници, од екстремистички свештеници и таинствени здруженија, кои ги финансира Саудиска Арабија и останатите конзервативни земји во регионот, користејќи скриени мрежи на донации од добротворните организации.
„Тие промовираат политички ислам. Потрошиле доста пари за да промовираат поинакви програми претежно за млади луѓе, така што донесоа своја литература”, вели Фатос Маколи, директор на Косовската анти-терористичка служба.
Нема докази дека која било организација им дала пари директно на луѓето да одат во Сирија, вели Маколи и додава дека се поддржани луѓе, кои промовираат насилство и џихад, а тврдат дека го штитат исламот.
По две години истрага, полицијата обвинила 67 лица, уапсила 14 имами и згаснала 19 организации, кои работат против уставно, поттикнувајќи омраза и промовирајќи тероризам, пишува весникот, оценувајќи дека тоа е голем пресврт за Косово, кое има 1,8 милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации