Подготовките на Реал Мадрид за големото финале од Лигата на шампионите сериозно се нарушија по повредата што утрово ја заработи Кристијано Роналдо. На само четири дена пред финалниот дуел во Милано, Португалецот настрада при еден дуел со Кико Касилја и со Карвахал на утринскиот тренинг.
Како што јавуваат медицинските лица, станува збор за проблем со мускулот на ногата, медицинските лица веднаш му укажале помош и јасно ставиле до знаење дека тренингот е завршен за него.
Весникот „Ас“ јавува дека тренингот бил отворен за јавноста, па бројните новинари побарале одговор од Кристијано за видот на повредата, но тој видно разочаран само минал крај нив, потоа фрлајќи шише со вода кон ѕидот во тренинг-комплексот. Португалецот е главен адут на Реал Мадрид и оваа натпреварувачка сезона, па јасно е дека негово евентуално отсуство во големото финале в сабота значително ќе ги намали шансите за успех на „кралевите“ во пресметката со градскиот ривал Атлетико.
Зинедин Зидан на денешната прес-конференција истакна дека се надева дека Роналдо ќе биде подготвен за настап во финалето, за разлика од Варан, чија повреда очигледно е од посериозен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.