Со месеци или години се обидувате да го доведете своето тело до совршенство, честопати сте нервозни, гладни и незадоволни. Дали сте се сетиле дека сексот би можел да помогне?!
Сензуален секс исполнет со фантазија, правилна исхрана богата со афродизијаци е клучот за решение на проблемот со вишокот килограми. За 6 недели ќе ослабите 10 килограми и ќе го подобрите вашиот брачен живот.
Уживање во сексот
Секс диетата, спротивно од традиционалните диети, применува уживање наместо откажување и на многу пријатен начин ве ослободува од вишокот килограми. За половина час секс губите 150 до 250 калории.
Луѓе, мечтајте
Искористете ја фантазијата како најсилно поттикнувачко средство за слабеење. Сосредоточете се на себе и изградете слика за себе како за сенуазна, сексапилна и привлечна личност. Тоа ќе делува многу мотивирачки и ќе помогне да ви се зголеми самодовербата.
Здрава храна
Кери во секс диетата ја вклучува и здравата храна. Во менито задолжително треба да има црно чоколадо, целер и банани.
Вежбањето ја зголемува сексуалната моќ
Вежбањето ја забрзува циркулацијата и го зголемува ослободувањето на хормонот на среќата, ендорфин, во мозокот. Сето тоа тоа влијае човекот да се чувствува подобро, посилно, посамоуверено и попосакувано.
Афродизијаци за романтична вечера
Подгответе вечера со свеќи. Сервирајте лосос, сос од сенф и спанаќ. Афродизијаците воедно се и здрава храна, што е нормално, зашто здравите луѓе имаат и здрава желба за секс. Омега 3 мастите од лососот го подобруваат расположението. Сенфот ги поттикнува метаболизмот и либидото, а спанаќот подмладува.
Истакнете го својот сексапил
Добриот и негуван изглед влијае да се чувствувате подобро, посензуално и попривлечно, па така и поверојатно ќе почувствувате желба за секс. Затоа не дозволувајте да се опуштите. Доволно е да изберете секси долна облека и да ставите малку парфем за да се чувствувате сексапилно.
Играјте заведување
Договорете се со партнерот секоја недела да имате вечер посветена на заведувањето. Менувајте се, еднаш вие заведувајте го него, следниот пат тој нека ве заведува вас. Исполнувајте си ги скриените желби, дозволете си сензуална масажа со фина музика. Колку повеќе ќе се опушти партнерот, толку полесно ќе се разбудат страстие во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


