Од тимот што некогаш се бореше со најбрзите во првиот ред, остана само името и тимскиот шеф. Губењето на возачи од калибарот на Луис Хамилтон како и механички директори како Адријан Њуи го принудија тимот на Мекларен да се бори со возачите и тимовите од средниот ред во формула 1. Сега, охрабрен од бодовите (12) кои неговиот тим ги заработи на изминатите пет трки, првиот човек на Мекларен, Рон Денис смета дека токму неговиот тим ќе биде оној кој ќе стави крај на доминацијата на Мерцедес.
– Најискрен да бидам, верувам дека следен светски шампион по Мерцедес ќе биде Мекларен. Огромен предизвик е, но имам огромна доверба во техничкиот дел од тимот како и во механичарите на Хонда. Правилата за наредната сезона ни оставаат огромен простор за напредок и мислам дека оваа сезона ќе можеме да направиме многу подобри резултати. Не сакам да прогнозирам однапред, но уверен сум дека Мекларен ќе го турне Мерцедес од тронот пред кој било друг тим – Рон Денис има доверба во својот тим.
Со 12 освоени бодови, Мекларен се наоѓа на осмата позиција во конкуренцијата за конструктори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.