Екипата на Торонто не се предава така лесно во финалната серија на источната конференција во НБА лигата. По првите два порази на теренот на Кливленд, екипата од Канада успеа да ја направи серијата крајно неизвесна бидејќи по двата меча на домашен паркет израмни на 2-2.
Синоќешниот меч во „Ер Канада центар“ заврши со победа од 105-99 и сега петтиот меч повторно ќе се одигра во Охајо. Иако резултатот не го кажува тоа, само шест поени разлика, Торонто одигра фантастично прво полувреме кога имаше предност од 20 поени.
Феноменална вечер имаа Демар Дерозан и Кајл Лаури кои вкупно постигнаа 67 поени. Лаури беше реализираше 35 поени, надополнети со по пет скока и асистенции, а Дерозан беше стрелец на 32 поена, три скока и истотолку асистенции.
Леброн Џејмс беше најефикасен кај гостите со 29 поени, девет скока и шест асистенции, но вистинска поддршка имаше само од Кајри Ирвинг, кој застана на 26 поени. Потфрли Кевин Лав со лош процент на шут, постигнувајќи само 10 поени, дополнети и со седум скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)