| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Демаркацијата на границата со Црна Гора завршена работа

За косовскиот претседател Хашим Тачи демаркацијата на косовско-црногорската граница е завршена работа.

99808958-57295

Тој уште со оценка дека меѓу Косово и Црна Гора нема отворени прашања.

– Што побрзото затворање на прашањето за демаркацијата е во интерес на двете држави, изјави Тачи.

Во истовреме косовскиот министер за евоинтеграција, Беким Чолаку порача дека договорот за демаркацијата треба да се ратификува во Парламентот најдоцна до крајот на јуни или почетокот на јули.

– Доцнењето сериозно го доведува во прашање движењето на косовските граѓани без визи, изјавил Чолаку за новинаите, по предавањето кое го одржал пред студенти на колеџот ИСПЕ.

Според него демакрацијата било барање од почетокот на процесот за визна либерализација и не е ништо ново, како што сметаат некои страни вклучени во овој процес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top