Во последните 10 години најголем раст на пензиите и платите имаат граѓаните на Македонија и Црна Гора, а Србите најмала. Жителите на Македонија и Црна Гора од 2006 година до денес имале најголем раст на платите и пензиите, додека во истиот период најлошо поминале Хрватска и Србија.
По објавата на српски „Курир“ за растот на платите и пензиите во Македонија споредбено со Балканот, ТВ Нова на терен разговараше на темата со Претседателот на здружението на пензионери, Драги Аргировски.
-Овие податоци ги имаме како анализа по повод 70 години од пензионерското организирање. Податоците се прроверени и точни. Во Македонија се зголемени пензиите во последните 10 години, со тоа што просечните пензии се зголемени за 74 осто, а најмалите за 84, истакна Аргировски.
Тој додаде дека просечната пензија во Македонија изнесува 13.085 денари и дека додека насекаде се намалуваат приходите за пензионираните лица, кај нас дополнително ќе продолжат да растат, согласно одлуката на Собранието и новото зголемување за 5 проценти.
-Има шпекулации дека од големите пензии се вади за да се покријат помалите. Тоа не е точно, се работи за буџетски средства, категоричен е Аргировски.
Претседателот на здружението на пензионери зборуваше и за проектите на Владата за постарите лица.
–Многу наши проекти се прифатени од Владата, како што е бесплатната бањска рекреација. Овој проект го искористија 37.000 пензионери кои минуваат 7 дена без да платат ни денар. Стандардот се подобрува. Имаме бесплатен туристички викенд, еднаш месечно по три дена што веќе го искористија 3.000 пензионери, додаде тој.
Аргировски истакна дека пензионерите имаат бројни активности кои придонесуваат да се зголемува нивниот стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)