Аманда Левис е осудена на доживотна робија поради убиството на својата ќерка Адријана. А, а сведокот на нејзиното судење беше нејзиниот син, бидејќи тој бил еиднствениот присутен за време на злочинот.
Младото дете сведочеше на суд дека неговата мајка ја удавила неговата сестра.
Новинар направил интервју со мајката од Флорида која и понатаму негира дека намерно ја удавила својата ќерка во базенот во нивниот дом.
На суд било повикано малото момче кое на цртежи го нацртало монструозното убиство. Тој вели: Ова е мојата мајка. Таа ја уби мојата сестра. А кога тужителот го прашал како го направила тоа, детето одговорило, „и стави рака на лице“…
Детето исто така велело дека тоа што го видел било страшно, и заплакал кога дознал дека мајка му е во судницата. Тој прво не ја препознал својата мајка која се појавила на суд, но кога сватил дека таа стои пред него во судницата почнал да плаче.
На суд сведочела и неговата мајка која рекла дека ги изгубила нервите со Адријана која боледувала од пореметување на хиперактивност и недостаток од внимание. Таа вели дека станува збор за несреќа. А нејзиниот адвокат тврди дека таа е невина. Тој исто така вели дека оваа постапка е катастрофална и дека поради тоа ќе ја напушти својата професија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка