| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун повика до 2030 година да се преполови бројот на раселени луѓе во светот

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара помош од владите, бизнис елитите, хуманитарните организации и донаторите да помогнат до 2030 година да се преополови бројот на раселените лица.

-Тука сме да создадеме поинаква иднина, изјави Бан Ки-мун во говорот на отворањето на меѓународниот хуманитарен самит  во Истанбул.

Дводневната конференција е со цел да се пронајде глобално решение за најтешката, според проценката на ОН, хуманитарна ситуација по Втората светска војна, кога околу 130 милиони луѓе имаат потреба од помош.

– Ве повикувам да помогнете за намалување на половина на бројот на внатрешно раселените лица до 2030 година, и да најдеме повеќе долгорочни решенија за бегалците и раселените лица преку рамномерна поделба на одговорностите, нагласи Бан Ки-мун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top