| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки­-мун до светските сили: Ставете крај на ноќниот кошмар во Сирија

ban-ki-mun

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки­-мун денеска апелираше светските сили да вложат поголем напор за ставање на крај на ноќниот кошмар во Сирија. ­

– Каков изговор би можеле да имаме за што било помалку од одлучна акција за да се стави крај на хаосот? Уште колку време ќе дозволуваат оние кои имаат влијание да продолжат таквите свирепости, запраша Бан на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Сирија. ­

– Ги повикувам сите страни да вложат поголем напор да заврши овој ноќен кошмар, потенцира Бан.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во денешните воздушни напади врз позиции на бунтовниците во Алепо загинале најмалку 23 цивили.

Но, претставникот на цивилната одбрана, Ибрахим Алхај кој раководи со акцијата за спасување на преживеаните лица истакна дека досега се пронајдени 43 тела.

Членот на Медицинскиот совет Мохамед Зеин Кандагани, кој ја надгледува здраствената помош во опозициските области, изјави дека стравува дека голем број од повредените ќе починат поради недостиг на средства за адекватна помош.

– Никогаш не сум видел на едно место да умираат толку многу луѓе, истакна Кандагани во локална болница.

Дел од западите медиуми јавија дека меѓу загинатите има и шест деца, а бунтовниците тврдат дека се интензивирале воздушните напади на сириската и руската армија врз Алепо по истекот на примирјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top