| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун до Иванов: Чест ми беше да соработувам со вас, вие сте еден од највидливите лидери

“Чест и привилегија беше можноста да соработувам со вас изминатите години, вие сте еден од највидливите и најактивните лидери“, изјавил Бан Ки-мун.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за актуелните предизвици  со кои се соочуваат ОН, состојбите во Македонија и регионот, како и за разликата околу името и процесот што се води во рамки на ОН.

Иванов ја поздравил иницијативата за одржување на состанок на високо ниво на Генералното Собрание на Обединетите нации за големите движења на бегалци и мигранти, прашања, кои што според претседателот Иванов, бараат заеднички пристап и координирана акција.

Во однос на разликата за името, Иванов ја истакнал подготвеноста на Македонија за конструктивно учество во процесот што се води во ОН, во рамки на меѓународното право, Времената спогодба, резолуциите на Обединетите нации и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Тој, исто така ги поздравил зачестените контакти како и мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција кои треба да се прошируваат.

Иванов го пофалил лидерството на Бан Ки-мун и неговата посветеност на основните вредности на ОН и му посакал успех во неговите идни ангажмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top