| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли ќе предава на Лондонското училиште за економија

Познатата холивудска актерка и режисерка Анџелина Џоли стана професорка на факултет во Лондон. Таа ќе предава на Лондонското училиште за економија, еден од најпрестижните британски универзитети.

Џоли ќе ја има честа да предава на универзитетскиот Центар за жени, мир и безбедност.

– Охрабрена од формирањето на оваа програма, се надевам дека и другите академски институции ќе го следат овој пример бидејќи е клучен за ширење дискусии за унапредување на жените, со цел да се стави крај на неказнувањето злосторства направени врз жените, како што е сексуалното насилство во конфликтите – изјави актерката.

Таа додаде дека се радува што ќе биде дел од предавањата и што ќе може да го сподели личното искуство од досегашната работа како амбасадор на УНХЦР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top