| четврток, 6 декември 2018 |

Постигнати 45 голови на еден фудбалски натпревар (видео)

45-goals-ecuador

Натпревар од третата еквадорска лига помеѓу Пелилео и Инди Нативе заврши со резултат 44-1.

Мечот го одбележа напаѓачот на Пелилео, Рони Медина, кој постигна 18 голови, а сепак најинтересен факт е можеби тоа што сите играчи од победничката екипа се запишаа во листата на стрелци.

Но, сепак, оваа победа е многу далеку од гинисовиот рекорд, бидејќи до сега најголемиот триумф во историјата на фудбалот е забележан во Мадагаскар. Тамошниот клуб Адема го совладал тимот на Емирне со 149-0, но голем број од головите биле постигнати од самите играчи на поразениот тим како знак на протест поради незадоволството од судењето на нивна штета на претходните натпревари во текот на турнирот, во чии рамки бил одигран и овој натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top